Пред неколку дена , на враќање од Петтата годишна средба на Биотенсегрити групата од Гент ,Белгија- чекајки на аеродромскиот хотел во Дизелдорф - случајно ја видов оваа неверојатна реклама. ..
Рекламата беше од Мерцедес - Бенз....но актери во рекламта беа...кокошки?!
На рекламата е маѓична контрола на телото, а пораката е секогаш стабилнност.
Отрчав во собата и ја најдов рекламата на youtube ....и ја гледав одново и одново....
Има ли причина зошто треба да обрнете внимание на кокошките?- Апсолутно!
Ова видео е извонредна и компактна илустарција на тоа колку е важна правилната контрола на главата за останатите моторни и локомоторни функиции.
Всушност, оваа реченица би ја кажал поопширно- контролата на главата не е важна само за одење. Контролата на главата е единствениот најважен фактор, апсолутно неопходна фаза и предуслов на било кое конролирано движење кога човечкото тело е во контакт со подот.
Ова е вистина не само за одењето, како врв на моторниот развој, туку и за секоја друга моторна функција помеѓу- седење, контра - баланс, контрола на трупот, стоење и така натаму...
Она што го гледаме на видеото е живописна илустрација дека дури кај птиците (единтевен вид кој како и човекот одат на 2 нозе )- да не ги спомнувам луѓето- главата е епицентарот, околу кој се одвиваат сите останати движења.
Долниот дел од телото на кокошките , независно од главата, се движи во сите насоки!
Ве молам обрнете внимание на повеќекратниот контра баланс на долниот дел од телото на
Всадете ја оваа слика во вашата глава! Вашето дете треба да иста таква контрола на главта, да ја држи главата и покрај сите влијанија и пертурбации кои доаѓаат од долу. Тоа е клучно за справување со подлогата под нашиoт задник и стапала!
Што е неопходно за главата на детето да биде стабилна?- Потребно е долниот дел од телото да има слободни брановидни движења како и независно движење/сегментација на вратот.
Што проверуваме за време на АБР проценките ? - Токму тоа. Кога на детето му недостигаат сегментирани движења, тогаш не е возможно да се има селективен контра баланс.
Заради тоа, сите ваши најдобри намери да вежбате физчки активности со детето, да го ставате во проодувалка, во локомат, или едноставните обиди да направи чекор кога го држите- за жал се повеќе и повеќе стануваат суров акт на присилување , исклучително напорно , неприродно и деструктивно влијание и на така истоштеното дете со церебрална парализа.
Што славиме за време на проценките? - Развојот на селективната и сегментирана подвижност и контра балансот, како на вратот така и на долниот дел од телото.
Ако на кокошката и треба супер добра контола на главата за да оди на две нозе - тогаш повеќе од сигурно е дека и човекот има потреба супер добра контола за главата за да оди!
No comments:
Post a Comment