НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
1. Што е АБР?
АБР е скратеница од Advanced Biomechanical Rehabilitation.(Напредна биомеханичка рехабилитација) , претставува прекрасен спој на математика, физика и анатомија.Изгрардена е врз биомехaнички основи.
АБР е развиена од рускиот пронаоѓач Леонид Блум.
АБР нуди техники за трајно структурално опоравување на мускулоскелетниот систем .
Преку нормализирање на мускулоскелетниот систем , функциите се развиваат нормално и спонтано.
2. Кому може да помогне?За кои дијагнози ?
Во АБР не се важни дијагнозите, важни се проблемите.
Така што АБР се применува за сите состојби во кои има нарушување во моториката или во менталниот развој .
церебрална парализа
проблеми со говор
аутизам
хиперактивност
микроцефалии
спазми
даунов синдром
епилепсија
повреди на глава
мозочен удар
сколиози
рет синдром
предвремено родени бебиња
оштетувања предизвикани од вакцина
повреда на р бет
.......
3. Како е можно да нема возрасна граница?
Со АБР се работи на зајакување на внатрешната слабост на телото. Тоа зајакнување е возможно се дури е човек жив. Преку зајакнување на внатрешните слабости се менува и подобрува структурата на телото, а тоа понатаму води кон подобрување на функциите.
1КЛИК
2КЛИК
4.Може ли АБР да се работи во комбинација со други терапии?
АБР не е контраиндицирана со ниедна друга терапија.Не се препорачуваат физички активности и истегнување , од причина што го намалуваат ефектот на АБР.
5. Гледав клипови со резултати од АБР, но не ми е јасно како се работи.Какви се вежбите? Има ли некој клип со вежби?
Еве 2 клипа со вежби.
КЛИП1 КЛИП2
6. Тие 2 или 3 саати треба ли одеднаш да се сработат или може по малку во текот на цел ден?
АБР може дасе работи наеднаш 2 до 3 часа или може да се подели во текот на цел ден. Олеснување е што може да се работи дури и кога детето спие.
7. Зошто е АБР подобра од другите терапии?
Еве неколку причини
-Се подобруваат виталните функции и метаболизмот
- резултатите се трајни, не се губат
- се оформуваат физиолошките кривини на рбетот
- се подобрува квалитетот на покосницата, коската и мускулното ткиво, кои се исклучително важен дел од локомоторниот систем
- се оформуваат зглобовите
-нема возрасна граница, се дури се работи , подобрувања се добиваат
-функциите се без ограничувања. На пример , децата со благи форми, кои со другите терапии остануваат со ограничувања за цел живот, со АБР се постигнува целосно опоравување
- Кај децата со даунов синдром, се губи монголоидниот лик, и останатите карактеристики, како краток врат, пилешки гради итн..
-методот не е инванзивен,може да се работи секаде, и во секакви услови. Детето пријатно се чувствува
- ги намалува болките до исчезнување, дури и долгогодиши болки за кои немало никаква помош.
-и најважното од се, детето почнува да се чувствува пријатно во сопственото тело
итн...
8.Дали е вистина дека резултатите не се губат? Како е можно ?
Резултатите добиени од АБР не се губат, без разлика кога и да се прекине со АБР се што се добило како подобрување останува. АБР работи на нормализирање на структурата на телото преку зајакнување на внатрешните слабости. На пример, ако сме ги рашириле белите дробови до одредена мера, тие никогаш нема да се намалат. Тоа значи дека сите подобрувања кои дошле заради зголемениот волумен и капацитет на белиоте дробови ќе останат.
9.Не ми е јасно, како е можно со крпи и со толку благ притисок да се добијат подобрувања.
АБР техниките се базирани на физички закони за транфер на механичка енергија.
10. Кога може да се очекуваат првите резултати?
Првите резултати со сигурност се добиваат после 300саати работа распоредени во максимум 6 месеци, а минимум 3. Што тоа значи?На телото му е потребно време да апсорбира и да се промени. Кај некои деца тој процес е побрз, затоа и побрзо добиваат резултати. Кај некои апсорпцијата е помала, и потребно е повеќе време. Некои гледаат подобрувања и после еден месец,но тоа не е правило.
Subscribe to:
Posts (Atom)
No comments:
Post a Comment