Friday, February 10, 2012

Што зајакнуваме со АБР-компресивна слабост

Кога човек ќе слушне за АБР, нормално следи прашањето, а што се прави со АБР. Наједноставен одговор е зајанување на внатрешните слабости  на телото .
Но како може да се види таа внатрешна слабост.
Вратот потонуа во градниот кош
Под влијание на сопствената тежина, погорниот дел од телото пропаѓа, потонува, во подолниот или под влијание на надворешен притисок(сила) , одереден декл од телото пропаѓа во друг. Телото лесно се "згмечува"  Тоа е еден показател на внатрешна слабост и се нарекува компресивна слабост .Тоа уште се вика телескоп ефект, еден дел навлеглува во друг, како кај телескопот.
На пример, во седечка положба, вратот навлегува во градниот кош, градниот кош навлегува во стомакот и понекогаш последното ребро ја допира карлицата. Ете зошто лицата со посебни потреби имаат проблеми со дигестивниот систем. Стомакот е внатре е слаб, нема цврстина, тоа се гледа преку потонувањето на градниот кош во него. Кај децата од GMFCS ниво5, таа компресија е до толку голема, што во седечка положба , стомакот целосно се надувува нанапред,  излегува, како да го снемува.
Надувување на стомакот




Дете со аутизам, компресивна слабост на стомакот

Па зошто тогаш би имал нормална функција, кога нема нормална градба , нели?!

Дете со аутизам, компресивна слабост на стомакот, ребрата потонуваат во стомакот
Компресија на стомакот е забележана и кај сите деца со посебни потреби, без разлика на тежината на состојбата. Кај децата што се во потешка состојба, компресивната слабост е поголема. Кај децата кои имаат помали проблеми , компресината слабост е помала.




Здраво дете, дури и под притисок врз рамената , градниот кош не потонува во стомакот
Кај здрави лица постои цврстина на телото, ништо не може така лесно да се згмечи.
Здраво дете, градите ја држат тежината

Дете со церебрална парализа-Градите не можат да ја држат тежината

На пример оваа положба(горните 2 слики и долните 2 слики) е возможна само заради цврстина на градите. Градите се доволно цврсти па можат да ја држат тежината на телото, и детето може да ја дигне главата.Кај децата со посебни потреби тоа е исклучително тешка задача.
Здраво дете, градите не потонуваат под рацете

Дете со ЦП , градите се лесно згемчливи, изразена компресивна слабост

Компресивна слабост на градите
Постои изрзена комппресивна слабост, која може да се почуваствува под раката, ребрата се лесно згмечливи, лесно потонуваат, а тоа пак ни кажува, дека таму внатре под ребрата, структурата, влкучително и белите дробови,  е многу слаба, нема цврстина.
Што пак од друга страна би значело дека и белите дробови ја немаат потребната цврстина и големина.  

Па како  тогаш би имале  нормална функција?! А ако белите дробови немаат нормална функција,   тоа значи дека телото страда за кислород. Како што ние би се чувстуваме кога ќе ставиме најлонска ќеса преку глава, и воздух да влегува од некое мало делче. Ете така живеат секој ден  нашите деца со посебни потреби. Секој ден, се борат за кислород.

Слабости се видливи во секој дел од телото, од глава до пети. Дали е можно нешто да се промени? Се разбира, инаку би било беспредметно е да се набројуваат проблемите.

Октомври2009 , изразена компресивна слабост , надуен стомак
Октомври2010, зајакнат стомак
Октомври2009, изразена  компресија на градите
Октомври2010, зацрстен граден кош















No comments:

Post a Comment