Sunday, August 4, 2019

Генетски пореметувања, Даунов синдром

Во последните години , бројот дијагностицирани на генетски пореметувања, синдроми, е во постојан раст.
Во минатото , овие нарушувања беа сместени  под еден ист чадор, заостанување во психомоторниот развојот, а Дауновиот синдром е едно од најстарите откриени хромозомски нарушувања.
Денес , дијагнози се ставаат, но ако нема лек, за родителот самата дијагноза , ништо не значи.
Додека медицината е заинтерисирана да најде лек, за кој можеби ќе требаат долги години анализа, набљудувања , тестирања ,  родителот е заинтересиран како , сега , да му помогне на  своето дете, како ова дете да се вклучи во живот и да му се олесни истиот. Во овој дел, во смисол подобрување на квалитет на живот,  АБР може многу  да помогне на уникатен начин. Од сите синдроми , најголемо искуство имаме со деца со Даунов синдром.




За да го објасниме проблемот на генетските пореметувања , користиме една аналогија.
Да споредиме со архитектонска градба, конструкција. Замислете дека фабриката која ги произведува градежните блоковите (цигли,тули), не ги произведува во стандардна форма, наместо да имаат форма на квадар, имаат изобличена форма, или наместо да се тврди и суви, или дуру и малку се недопечени. Токму затоа, нивно автоматско составување во правилен структурален аранжман , не е возможно.Архитектонскиот проект го имаме, но материјалот за градба не ни е стандрадниот.
И што да се прави, ако погледнеме од другата страна, помеѓу  циглите има малтер, кој ги поврзува, и ако погледнеме било која стара куќа или стар мост, ќе забележиме дека се изградени од многу камења , различни по форма, големина и квалитет. Поврзани се меѓусебе, со малтер, и сите дупки измеѓу, пополнувани се со малтер, како би се создала цврста конструкција.
Како оваа анaлoгија ја поврзуваме со генетските пореметувања?
Генетските пореметувања во самата клетка, ја прават поинаква од нормалната клетка, и во тој смисол, ние тука ништо не можеме да направиме, фабриката произведува таков материјал.  Кодот кој го носи клетката не можиме да го промениме. Значи градежните блокови не ни се стандардни. Но во глобалниот артхитектонски план, можеме да ги зајакнеме врските и таа нестандрадност да ја компензираме со зајакнување и цврсти врски во самото ткиво, што од своја страна ќе ја зголеми активноста на рецепторите во нервниот систем, што пак резултира со промени во целокупното функционирање на организмот.Токму преку зајакнување на фасцијата и сврзното ткиво, со помош на АБР децата со Даунов имаат неверојатни резултати, па дури и типичните знаци на Даунов исчезнуваат.


Како што и нагласив на почетокот, од сите синдроми, најголемо искуство имаме со Даунов синдром , и на мое огромно задоволство, првото бебе кое започна со АБР во Европа беше токму од Македонија. Ова е малечката Антонија http://abrmakedonija.blogspot.com/2010/03/antonija-abr-pioner-so-daunov-sindrom.html

После Антонија, во програмата се вклучува и Вук на 8 годишна возраст во Октомрви 2010, и тој и денес работи АБР и сеуште воодушевува со напредокот и резултатите.

На подолниот клип, можете да видите како се менува физички,и израснува во згодно момче и како исчезнуваат типичните знаци за Даунов синдром ( на клипот има две деца, поголемото е Вук)

https://www.youtube.com/watch?v=X4xHAxg1048&feature=youtu.be&fbclid=IwAR1rtQxVhA7brjrGANqAV1blkpC6_iE3V-kZJVwmkAaQukXLSovz6RUMa3g


А ова е нашиот сладок Јованче:
https://abrmakedonija.blogspot.com/2018/02/blog-post.html

За повеќе информации: www.abrtherapy.com/mk






Friday, August 2, 2019

Спазам од АБР гледна точка


Еден од најголемите проблеми кај церебралната парализа, поврзан со мускулите  е спазамот или спастицитетот. 

Класичниот начин на справување со спазамот е борба со спастичниот мускул, инхибирање на спазамот на најразлични начини ( истегнување, инекции со ботокс,вградување баклофенски пумпи,медикаметозна терапија со мускулна релаксанти, операции и сл. ) Меѓутоа, искуството покажува дека овие процедури или треба да се изведуваат на дневна база или да се повторат на неколку месеци , затоа што спазамот се враќа , а како што детето  расте,  станува се поизразен.

Зошто  е тоа така?
Во следното видео, на линкот подолу, Леонид Блум објаснува како АБР гледа на спастичниот мускул.( има превод, притиснете CC)



АБР успешно се справува со спастичните мускули, без операции, без болка, без медикаметозна терапија.

 Како е тоа можно? 
За да се реши проблемот, прво треба да се разбере. Да се разбере зошто се јавува спастицитет кај децата со церебрална парализа , важно е да се погледне поголемата слика. 
Важно е да е знае дека скелетните  мускули никогаш не се активираат изолирано. За да се изведе движење, секогаш има мускул лидер( главен протагонист, кој го започнува движењето) и  мускул - следбеник  на спротивната страна од зглобот, кој го следи движењето, ја регулира брзината и на крајот на амплитудата врши запирање на движењето, како не би дошло до оштетување на зглобот.... 

Кај примерот со спастичната рака , проблемот е во слабоста на следбеникот од спротивната страна, и спастичниот мускул се наоѓа во ситуација и да го води и да го следи движењето. 


Блум: "Следбеникот на другата на страна е во исклучително лоша состојба
Постои драматична слабост  на другата страна
Било да  го гледаме мускулот или лигаментите или врските меѓу кожата , масното ткиво и поткожните ткива.
Во тој смисол поголемата слика  ни покажува проблем со следбеникот
Се поставува едноставно прашање
Каква информација има  мозокот за ова движење?
Главниот извор на информација кој мозокот го добива за движењето е  врската меѓу промената на должината и притисокот преку соодветните рецептори .
Но кога , постои изразена слабост, во тонусот и врските меѓу слоевите (кожа, масно ткиво, сврзно ткиво, мускул, коска) тогаш и екстензорите кои треба да го следат движењето на флексорите едноставно не се доволно регистирани во мозокот .
Кога вака ќе погледнеме на работите,разбирањето за тоа што се случува на другата страна
скратената и спастичната,се менува комплетно
Бидејќи сега, наместо “ лош  “ спастичниот мускул станува супер херој кој и го изведува движењето и го штити- блокира како одбрамбена реакција, односно, ја работи и својата работа и работата на останатите мукули кои треба да учествуваат во движењето, но не учествуваат, затоа што не се доволно регистрирани во мозокот. "

Со АБР ја зајакнување на слабата страна, со што таа станува попрепознатлива за мозокот,пожива и поактивна, а тоа пак му овозможува на спастичната страна да се опушти, а како структура да се пополни.
Морам да кажам дека во последно време , доста внимание се обрнува на зглобовите, преку бандажирање со соодветен материјал, кој овозможува непрекината стимулација и по неколку часа(се дури се носат завоите со материјалот кој е во нив). 
Повеќе информации на  www.abrtherapy.com/mk 
FB: Terapija ABR 


Thursday, August 1, 2019

Невролошки аспект на движењата од АБР гледна точка


Родителите на деца со церебрална парализа, исправени се пред еден голем предизвик. Очекуваат дека, ако едно движење се повтори , доволен број пати, мозокот ќе го научи, и потоа детето ќе биде во состојба правилно да го изведе тоа движење. Кога се во прашање полесни форми, децата добиваат ограничени функции воглавно базирани на компензации, но кога се во прашање потешки форми , и покрај бесконечните повторувања, движењето едноставно не се добива.
Зошто мозокот не може да научи и да го изведе движењето?

Од невролошка гледна точка , нервниот систем ги усогласува телесните активности  , управува со нив , ги контролира и регулира мускулните контакции, секрецијата на ендокрини и егзокрини жлезди. За да може нервниот систем да ја изведува својата работа, прима инфомации од телото , од рецепторите (приемниците) кои се специјализирани за реагирање на разни типови дразби. Особено важни за движењата се проприорецеторите кои се лоцирани , вглездени, во: меснатиот дел на скелетните мускули и тетивите, зглобовите, вклучувајќи ги зглобните чаури и лигаментите, во лавиринтните во внатрешното уво(вестибуларните ) и  вратните зглобови ( вратните проприорецептори).
Проприорецепорите во зависност од тоа каде е наоѓаат, реагираат на промената на должината на мускулот, напрегањето на мускулната тетива, промена на механичкиот притисок во зглобвите, промената на положбата на телото во просторот ( кога треба да се реагира соодветно за да се одржи рамнотежата) и сл. и испраќаат соодветни информации до мозокот, кој па соодветно реагира.
Кога се работи за здраво , цврсто и добро развиено тело, врските кожа-поткожно ткиво- сврзно ткиво- мускул- коска се силни и добро развиени,тонусот на секој слој е добар,  и затоа рецепторите се цврсто внездени на својата локација, и  прво можат да ги регистрираат промените , а потоа тие  информации непречено да ги испратат до  мозокот , кој правилно ги регистира . Секое делче од нашето тело е правилно и целосно запишано  во мозокот, па и реакцијата која следува е координирана и правилна.

Кај децата со церебрална парализа , тоа што го забележуваме е следното:
-тенка кожа со лош квалитет,
-слаб тонус на на кожа и поткожни ткива
-скоро непостоечко поткожно масно ткиво
-изразено слаби врска меѓу кожата- поткожните ткива-мускул-коска
Како што и можите да видите на сликата.



Тоа значи дека и рецепторите кои се сместени во оваа регија, кои би требало да се цврсто и стабилно вгнездени, заради лошите врски , слабиот квалитет на ткивото  и лошиот тонус,ниту имаат стабилност, ниту можат  да регистираат притисок, следствено не можат да го информираат мозокот за промените. Затоа оваа регија останува слабо запишана во мозокот, а со тоа изостануваат соодвените, очекувани реакции.

Оваа анализа ни дава одговор на прашањето зошто и после милион пати повторено движење , мозокот не успева да го научи движењето- едноставно е, рецепторот не може во целост да ги регистрира промените и затоа изостанува и соодветната очекувана реакција од мозокот.

За да може мозокот да ја добие потребаната информација, неопходно е рецепторите да ги регистрираат локалните промени, а тоа е возможно само ако се промени тонусот на слоевите  и врските меѓу слоевите , започнувајќи од кожата, па надолу се до коската.
Дали е тоа возможне-  се разбира дека е!

Со помош на АБР ,
-се менува квалитетот на ткивата,
- врските кожа-поткожни ткива- масно ткиво- мускул-коски се зајакнуваат ,
и со тоа и самите рецептори добиваат можност да ги регистрираат промените кои настануваат во одредена регија, и да сигнализираат до мозокот,  со што и самата регија станува поприсутна и попрепознатлива за мозокот.


А подобрите врски во телото , секогаш придонесуваат за  подобра функицја .



Saturday, August 30, 2014

Исправено одење на две нозе -како структурата ја одредува функцијата

Одењето е една од најсложените способности на човекот. Кај здраво дете одењето доаѓа спонтано, негде после првата година,откако детето претходно поминува неколку фази- контрола на главата, влечење, седење, лазење на напред и на назад, одење на колена , стоење.  Бидејки одењето е нешто кое очекувано се случува , никој не го анализира подлабоко и не го поврзува со промените кои се случуваат со структурата на телото. Без исклучок секој знае дека за детето да прооди треба да порасне, од раѓање никој не оди. Што тоа растење значи, не е многу важно кога имаме здраво дете, но кога имаме дете со церебрална парализа и други проблеми со моториката, растот и развојот на телото и тоа како треба да се подложи на анализа, за да се разбере суштината на проблемот- зошто детето не може да оди или има ограничувања во одењето.

Дека структурата ја одредува функцијата , неспорен доказ имаме во еволуцијата на човекот. Скелетниот ситем доживувал различни трансформации, се додека не се создаде скелетен систем со кој модерниот човек- хомо сапиенс,  развил бипедална локомоција односно  исправено одење на две нозе.

Шимпанзата повремено можат да одат исправени на две нозе, но , нивниот скелет не е адаптиран за правилно одење на две нозе.Кај прачовекот  развиен е скелетен систем кој подржува одење на две нозе. Тој скелетен систем , еволуира за на крај да се добие скелетен систем кој го има денешниот човек, со чија помош човекот може да оди и да трча долги растојанија.


Череп 

Цртеж од череп на шимпанзо , прачовек и  човек 







Рбетот кај шимпанзото се поврзува со задниот дел на главата, држејќи ја главта  под одреден агол . Кај прачовекот таа врска рбет- глава еволуира, и рбетот се поврзува со главата под черепот, со што прачовекот добива шанса да ја стабилизира главата при одење на две нозе.
И на крај, кај човекот, односно кај сите нас кои имаме функција одење и трчање, врската рбет -глава е  под черепот ,центрaлно поставена, со што се овозможува цврсто држење на главата при одење на две нозе , и секако поголема флексибилност.
Тоа што забележуваме од сликата е еволуција на формата и големината на черепот , како и еволуција во формата и големината на вратните пршлените.
 Токму заради таа врска глава - врат, ние ја држиме главата исправена и кога ползиме , а шимпанзата не.


Рбетни кривини 

Кривината на долниот дел од рбетот, лумбалната кринина, го абсорбира шокот кој се создава при одење на две нозе. Лумбалната кривина на рбетот  е поседниот чекор во еволуцијата на човекот. Шимпанзото ја нема. Лумбалните пршлени се поголеми од останатите пршлени на рбетот, за да му дадат потпора на горниот дел од телото при стоење . Исто така, лумбалниот дел од рбетот е најподвижен, има способност за флексија, екстензија, ротација, и навалување на страна.Овие карактеристики овозможуваат одржување рамнотежа при одење и голема флексибилност на човековото тело, движења на горниот дел од телото независни од долниот дел .Човекот е единственото суштество кое  е благословено со толку голема слобода во движењата.

Рамнотежа- движење на горниот дел од телото независно од долниот 





Надкоеница 
Надколеница кај шимпанзо, прачовек и човек. 

Врската , обележана со стрелка на сликата, кај шимпанзата е кратка, па затоа мускулите на колкот не можат да се контахираат доволно за да обезбедат доволна подршка за одење на две нозе.
Додека пак кај нас, третиот приер, таа врска е поцврста. Основата на е посилна , самиот влез во карлицата е подлабок, со што се овозможува полесно абсорбирање на реакцијата од земјата кога се создава при чекорење.
Силата на реакција од подлогата кај човекот завршува во колкот, кај шимпанзата во рамената. Затоа ние можеме да одиме исправени,а  шимпанзото не

Подколеница 


Подколеница кај човек, прачовек и шимпанзо
Очигледна е разликата во формата и големината на коленото кај човекот и шимпанзото. Ние можеме да одиме исправени на две нозе долги растојанија , а шимпанзото не може , затоа што силната констукција на коленото, ни овозможува држење на тежината на телото на една нога  при чекорење.


Карлица
Карлица и стапало кај шимпанзо, прачовек, човек

Очигледни се трансформациите кои ги доживеала карлицата во текот на еволуцијата. Илијачните коски- големите коски на карлицата се смалуваат и заоблуваат и вдлабниваат, како по целата должина, така и по пределот на колкот. Сакрумот (делот меѓу големите коски)е исто така раширен и пеодлабочен. Овие трансформации на карличниот дел, му даваат стабилност на карлицата при стоење на две нозе и чекорење. Долгнавестата карлица на шимпанзото е прилагодена за четвороножно одење.

Од изнесеното лесно се заклучува дека исправеното одење на две нозе  е вештина која човекот ја стекнал благодарение  на промените кои настанале во структурата на телото на  неговите предци. Карлицата, коските и зглобовите на нозете , формата и големината на карлицата, лумбалната кривина, вратните пршлени , черепот - сите овие делови и врските меѓу нив задоволуваат одредени услови за да може да се постигне исправено одење на две нозе. 

          Сосема природно следи прашањато-Каква е врската со церебралната парзализа?!
АБР го застапува ставот- Структурата ја одредува функцијата. Со резултатите докажува дека промените во структурата доведуваат до промени ву функциите.

А што фали на структурата на децата со церебрална парлиза или со било какви ограничувања во моториката?!


Карлица на 5 годишно дете со церебрална парализа 


Кога ќе је погледнеме рентген снимката од карлицата  и кога ќе споредиме со сликата под неа, карлица од шимпанзо, прачовек и човек, ќе забележиме дека оваа снимка не личи на ниедна од дадените примери. Оваа снимака  е снимка на недоразвиена карлица. Карлица која е тесна, во која илијачните коски се спослнати и немаат длабочина. Натколеницата е со недооформен врат и глава .

Тоа е една карлица, која не задоволува ниеден услов за да му даде подршка не телото при исправено одење на две нозе. Нема потреба да се гледа дали мозокот е здрав или оштетен , доволна е оваа снимка за секој од нас да заклучи дали детето со ваква карлица оди или не.

карлица и натколеница на шимпанзо , прачовек и човек





Ако се анализираат 1000 деца со церебрална парализа, кај сите 1000 карлицата ќе  е тесна. Тоа е една општа слика за лицата со церебрална парализа. А проблемот е во то што телото уште од почеток на животот не фатило чекор на нормален раст и развој,  не растело и не се развивало според законите на природата, и во рамките на пропорцииите кои се добиени со еволуцијата. Често родителите велат, па детето има 5 години, треба да оди.Да, според календарската возраст би требало да оди, но , за жал  пропорциите на раст и формирање на неговото тело не задоволуваат за календарската возраста. 

Откако недвосмилено е потврдено дека структурата ја одредува функцијата сега прашањето е :
Што може АБР да  направи ?
Со АБР телото почнува да расте на поприроден начин. Тоа што природата не можела да го направи, го прави АБР. Детето, телото  буквално еволуира.

1. Менување на формата и големината на черепот, 
-ослободување, дооформување и зајакнување на вратните пршени, 
- промена на врската глава -врат
Промени за 1 година АБР 



2. Формирање на лумбална кривина на рбетот, со што горниот дел од телото добива можност да се движи независно од долниот  дел од телото, и детето може да се држи кога го туркаат, додека птреходно, не смао што не можеше да се држи кога го туркаат , туку и кога одеше препреките на патот му беа тешки за совладување. 

И уште неколку прекрасни детали , во контектс на текстот:Ве молам забележете колку е раширена и променета формата на карлицата, колку се променети нозете и колената
Рамнотежата е состојба на телото!





Се надевам дека текстот со сите факти ќе ви отвори еден поинаков видик за проблемите со моториката кои ги има вашето дете со церебрална парализа, и дека ќе ви помогне  да ги разбрете подобро причините зошто детето не може оди. Причината не е сигурно неговата мрзеливост, причината лежи во неговите структурални недостатоци, кои вие со вашата работа можете да ги промените.
Ви благодрам за вниманието!
















Monday, March 3, 2014

Преку издолжување и ослободување на рбетот до поголема слобода во движењата



Рбетот е еден од најважните делови на човечкото тело. Одговорен е за структурата и потпората на телото. Тој  е столб на нашето тело. Рбетот ни овозможува да се свиваме, и да се адаптираме на различни положби и движења. Без него движења би биле   роботски.  Низ него се протнува рбетниот мозок, од кој се разгрануваат  сите нервни гранки  преку кои мозокот се поврзува со   остатокот од телото  и ги контолира движењата на мускулите.Рбетот се состои од пршелни меѓусебно се поврзани со лигаменти,а преку тетивио со мускулите, додека меѓу пршлените има   рскавични дискови.   Нормално, ‘рбетот има три кривини, вратна,  градна, појасна и крсна.  


Човекот не се раѓа со овие кривини, тие се формираат во текот на растот . 

Слика 2: Развој на рбетните кривини од новороденче до 1 година


новороденче            вратна кривина(3-4мес.)    градна кривина(8-9мес.)      појасна кривина (1 година)  

 
 
 

Како што расте и се оформува телото и ‘рбетот , право пропорционално следи и развојот на моториката .
Новороденчето нема развиена моторика. Рбетот е во форма на првобитна(примарна, основна)крива. 
Слика3:Новороденче, рбетот е во примарна крива
На 3-4 месеци децата постигнуваат целосна контрола на главата, тоа е времето кога веќе се оформила вратната кривина(види слика2)Здраво новороденче не учи како да ја држи главата. Држењето на главата доаѓа спонтано , како резултат на растот  и фромирање на вратната кривина на рбетот.

Кон 8-9 месеци, здравите деца седат самостојно , и од лежечка положба се доведуваат во седечка положба и почнуваат да лазат .  Тоа е периодот кога веќе се оформира градната кривина. 
 И на 12 месеци, детето проодува.Тоа е периодот кога се формирала појасната(лумбалната кривина)


Кај децата со церебрална парализа , заради слабоста на сврзното ткиво(компресивна слабост) која е присутна уште од раѓање, телото нема шанса за нормален раст, а заради тоа заостанува и развојот. Растот е непропорционален, органите се развиваат забавено, па и процесот на формирање на ‘рбетот заостанува. Рбетот   е скратен, намален природниот простор меѓу пршлените  и заради тоа   блокиран , му недостига флексибилност, кривите недостигаат,а со тек време се развиваат и различни деформитети.Многу често се набљудува рамен грб, без потребините кривини на рбетот. 
 Кај тешките форми на церебрална парализа се забележува хиперекстензија на‘рбетот, зафрлање на телото на назад, кое е резултат на неразвиениот простор меѓу пршлените, неквалитетните рскавични дискови, а слабоста на лигаментите и тетиви кои се во врска  со пршлените се причина за зголемена ридигдност на целиот грб.
Кај лесните форми на церебрална парализа се забележуваат роботски движења , проблеми со да се одржи  рамнотежа и други  ограничувања како на грубата така и на фината моторика .  
АБР делува како продолжена рака на природата.
 Преку зајакнување на сврзното ткиво, телото почнува да расте на поприроден , попроционален начин, почнува да се ослободува и издолжува ‘рбетот, се формираат  кривини на ‘рбетот,рскавичните дискови , лигаментите и тетивите се зајакнуваат. Со тоа полека исчезнуваат деформитетите, ‘рбетот добива флексибилност ,се подобрува рамнотежата,  детето полесно се адаптира на различни положби , и добива  поголема слобода во движењата.