Saturday, August 30, 2014

Исправено одење на две нозе -како структурата ја одредува функцијата

Одењето е една од најсложените способности на човекот. Кај здраво дете одењето доаѓа спонтано, негде после првата година,откако детето претходно поминува неколку фази- контрола на главата, влечење, седење, лазење на напред и на назад, одење на колена , стоење.  Бидејки одењето е нешто кое очекувано се случува , никој не го анализира подлабоко и не го поврзува со промените кои се случуваат со структурата на телото. Без исклучок секој знае дека за детето да прооди треба да порасне, од раѓање никој не оди. Што тоа растење значи, не е многу важно кога имаме здраво дете, но кога имаме дете со церебрална парализа и други проблеми со моториката, растот и развојот на телото и тоа како треба да се подложи на анализа, за да се разбере суштината на проблемот- зошто детето не може да оди или има ограничувања во одењето.

Дека структурата ја одредува функцијата , неспорен доказ имаме во еволуцијата на човекот. Скелетниот ситем доживувал различни трансформации, се додека не се создаде скелетен систем со кој модерниот човек- хомо сапиенс,  развил бипедална локомоција односно  исправено одење на две нозе.

Шимпанзата повремено можат да одат исправени на две нозе, но , нивниот скелет не е адаптиран за правилно одење на две нозе.Кај прачовекот  развиен е скелетен систем кој подржува одење на две нозе. Тој скелетен систем , еволуира за на крај да се добие скелетен систем кој го има денешниот човек, со чија помош човекот може да оди и да трча долги растојанија.


Череп 

Цртеж од череп на шимпанзо , прачовек и  човек 







Рбетот кај шимпанзото се поврзува со задниот дел на главата, држејќи ја главта  под одреден агол . Кај прачовекот таа врска рбет- глава еволуира, и рбетот се поврзува со главата под черепот, со што прачовекот добива шанса да ја стабилизира главата при одење на две нозе.
И на крај, кај човекот, односно кај сите нас кои имаме функција одење и трчање, врската рбет -глава е  под черепот ,центрaлно поставена, со што се овозможува цврсто држење на главата при одење на две нозе , и секако поголема флексибилност.
Тоа што забележуваме од сликата е еволуција на формата и големината на черепот , како и еволуција во формата и големината на вратните пршлените.
 Токму заради таа врска глава - врат, ние ја држиме главата исправена и кога ползиме , а шимпанзата не.


Рбетни кривини 

Кривината на долниот дел од рбетот, лумбалната кринина, го абсорбира шокот кој се создава при одење на две нозе. Лумбалната кривина на рбетот  е поседниот чекор во еволуцијата на човекот. Шимпанзото ја нема. Лумбалните пршлени се поголеми од останатите пршлени на рбетот, за да му дадат потпора на горниот дел од телото при стоење . Исто така, лумбалниот дел од рбетот е најподвижен, има способност за флексија, екстензија, ротација, и навалување на страна.Овие карактеристики овозможуваат одржување рамнотежа при одење и голема флексибилност на човековото тело, движења на горниот дел од телото независни од долниот дел .Човекот е единственото суштество кое  е благословено со толку голема слобода во движењата.

Рамнотежа- движење на горниот дел од телото независно од долниот 





Надкоеница 
Надколеница кај шимпанзо, прачовек и човек. 

Врската , обележана со стрелка на сликата, кај шимпанзата е кратка, па затоа мускулите на колкот не можат да се контахираат доволно за да обезбедат доволна подршка за одење на две нозе.
Додека пак кај нас, третиот приер, таа врска е поцврста. Основата на е посилна , самиот влез во карлицата е подлабок, со што се овозможува полесно абсорбирање на реакцијата од земјата кога се создава при чекорење.
Силата на реакција од подлогата кај човекот завршува во колкот, кај шимпанзата во рамената. Затоа ние можеме да одиме исправени,а  шимпанзото не

Подколеница 


Подколеница кај човек, прачовек и шимпанзо
Очигледна е разликата во формата и големината на коленото кај човекот и шимпанзото. Ние можеме да одиме исправени на две нозе долги растојанија , а шимпанзото не може , затоа што силната констукција на коленото, ни овозможува држење на тежината на телото на една нога  при чекорење.


Карлица
Карлица и стапало кај шимпанзо, прачовек, човек

Очигледни се трансформациите кои ги доживеала карлицата во текот на еволуцијата. Илијачните коски- големите коски на карлицата се смалуваат и заоблуваат и вдлабниваат, како по целата должина, така и по пределот на колкот. Сакрумот (делот меѓу големите коски)е исто така раширен и пеодлабочен. Овие трансформации на карличниот дел, му даваат стабилност на карлицата при стоење на две нозе и чекорење. Долгнавестата карлица на шимпанзото е прилагодена за четвороножно одење.

Од изнесеното лесно се заклучува дека исправеното одење на две нозе  е вештина која човекот ја стекнал благодарение  на промените кои настанале во структурата на телото на  неговите предци. Карлицата, коските и зглобовите на нозете , формата и големината на карлицата, лумбалната кривина, вратните пршлени , черепот - сите овие делови и врските меѓу нив задоволуваат одредени услови за да може да се постигне исправено одење на две нозе. 

          Сосема природно следи прашањато-Каква е врската со церебралната парзализа?!
АБР го застапува ставот- Структурата ја одредува функцијата. Со резултатите докажува дека промените во структурата доведуваат до промени ву функциите.

А што фали на структурата на децата со церебрална парлиза или со било какви ограничувања во моториката?!


Карлица на 5 годишно дете со церебрална парализа 


Кога ќе је погледнеме рентген снимката од карлицата  и кога ќе споредиме со сликата под неа, карлица од шимпанзо, прачовек и човек, ќе забележиме дека оваа снимка не личи на ниедна од дадените примери. Оваа снимака  е снимка на недоразвиена карлица. Карлица која е тесна, во која илијачните коски се спослнати и немаат длабочина. Натколеницата е со недооформен врат и глава .

Тоа е една карлица, која не задоволува ниеден услов за да му даде подршка не телото при исправено одење на две нозе. Нема потреба да се гледа дали мозокот е здрав или оштетен , доволна е оваа снимка за секој од нас да заклучи дали детето со ваква карлица оди или не.

карлица и натколеница на шимпанзо , прачовек и човек





Ако се анализираат 1000 деца со церебрална парализа, кај сите 1000 карлицата ќе  е тесна. Тоа е една општа слика за лицата со церебрална парализа. А проблемот е во то што телото уште од почеток на животот не фатило чекор на нормален раст и развој,  не растело и не се развивало според законите на природата, и во рамките на пропорцииите кои се добиени со еволуцијата. Често родителите велат, па детето има 5 години, треба да оди.Да, според календарската возраст би требало да оди, но , за жал  пропорциите на раст и формирање на неговото тело не задоволуваат за календарската возраста. 

Откако недвосмилено е потврдено дека структурата ја одредува функцијата сега прашањето е :
Што може АБР да  направи ?
Со АБР телото почнува да расте на поприроден начин. Тоа што природата не можела да го направи, го прави АБР. Детето, телото  буквално еволуира.

1. Менување на формата и големината на черепот, 
-ослободување, дооформување и зајакнување на вратните пршени, 
- промена на врската глава -врат
Промени за 1 година АБР 



2. Формирање на лумбална кривина на рбетот, со што горниот дел од телото добива можност да се движи независно од долниот  дел од телото, и детето може да се држи кога го туркаат, додека птреходно, не смао што не можеше да се држи кога го туркаат , туку и кога одеше препреките на патот му беа тешки за совладување. 

И уште неколку прекрасни детали , во контектс на текстот:Ве молам забележете колку е раширена и променета формата на карлицата, колку се променети нозете и колената
Рамнотежата е состојба на телото!





Се надевам дека текстот со сите факти ќе ви отвори еден поинаков видик за проблемите со моториката кои ги има вашето дете со церебрална парализа, и дека ќе ви помогне  да ги разбрете подобро причините зошто детето не може оди. Причината не е сигурно неговата мрзеливост, причината лежи во неговите структурални недостатоци, кои вие со вашата работа можете да ги промените.
Ви благодрам за вниманието!
















Monday, March 3, 2014

Преку издолжување и ослободување на рбетот до поголема слобода во движењата



Рбетот е еден од најважните делови на човечкото тело. Одговорен е за структурата и потпората на телото. Тој  е столб на нашето тело. Рбетот ни овозможува да се свиваме, и да се адаптираме на различни положби и движења. Без него движења би биле   роботски.  Низ него се протнува рбетниот мозок, од кој се разгрануваат  сите нервни гранки  преку кои мозокот се поврзува со   остатокот од телото  и ги контолира движењата на мускулите.Рбетот се состои од пршелни меѓусебно се поврзани со лигаменти,а преку тетивио со мускулите, додека меѓу пршлените има   рскавични дискови.   Нормално, ‘рбетот има три кривини, вратна,  градна, појасна и крсна.  


Човекот не се раѓа со овие кривини, тие се формираат во текот на растот . 

Слика 2: Развој на рбетните кривини од новороденче до 1 година


новороденче            вратна кривина(3-4мес.)    градна кривина(8-9мес.)      појасна кривина (1 година)  

 
 
 

Како што расте и се оформува телото и ‘рбетот , право пропорционално следи и развојот на моториката .
Новороденчето нема развиена моторика. Рбетот е во форма на првобитна(примарна, основна)крива. 
Слика3:Новороденче, рбетот е во примарна крива
На 3-4 месеци децата постигнуваат целосна контрола на главата, тоа е времето кога веќе се оформила вратната кривина(види слика2)Здраво новороденче не учи како да ја држи главата. Држењето на главата доаѓа спонтано , како резултат на растот  и фромирање на вратната кривина на рбетот.

Кон 8-9 месеци, здравите деца седат самостојно , и од лежечка положба се доведуваат во седечка положба и почнуваат да лазат .  Тоа е периодот кога веќе се оформира градната кривина. 
 И на 12 месеци, детето проодува.Тоа е периодот кога се формирала појасната(лумбалната кривина)


Кај децата со церебрална парализа , заради слабоста на сврзното ткиво(компресивна слабост) која е присутна уште од раѓање, телото нема шанса за нормален раст, а заради тоа заостанува и развојот. Растот е непропорционален, органите се развиваат забавено, па и процесот на формирање на ‘рбетот заостанува. Рбетот   е скратен, намален природниот простор меѓу пршлените  и заради тоа   блокиран , му недостига флексибилност, кривите недостигаат,а со тек време се развиваат и различни деформитети.Многу често се набљудува рамен грб, без потребините кривини на рбетот. 
 Кај тешките форми на церебрална парализа се забележува хиперекстензија на‘рбетот, зафрлање на телото на назад, кое е резултат на неразвиениот простор меѓу пршлените, неквалитетните рскавични дискови, а слабоста на лигаментите и тетиви кои се во врска  со пршлените се причина за зголемена ридигдност на целиот грб.
Кај лесните форми на церебрална парализа се забележуваат роботски движења , проблеми со да се одржи  рамнотежа и други  ограничувања како на грубата така и на фината моторика .  
АБР делува како продолжена рака на природата.
 Преку зајакнување на сврзното ткиво, телото почнува да расте на поприроден , попроционален начин, почнува да се ослободува и издолжува ‘рбетот, се формираат  кривини на ‘рбетот,рскавичните дискови , лигаментите и тетивите се зајакнуваат. Со тоа полека исчезнуваат деформитетите, ‘рбетот добива флексибилност ,се подобрува рамнотежата,  детето полесно се адаптира на различни положби , и добива  поголема слобода во движењата.



Thursday, February 20, 2014

Мерцедес - Бенз случајно ја открива тајната на одењето , седењето и останатите фази на моторичкиот развој

Текстот е преведен од http://blyum.typepad.com/on_abr_and_beyond/2013/10/mercedes-benz-accidentally-reveals-the-secret-of-walking-sitting-and-all-other-locomotions-in-betwee.html#more


Пред неколку дена , на враќање од  Петтата годишна средба на Биотенсегрити групата од Гент ,Белгија- чекајки на аеродромскиот хотел во Дизелдорф - случајно ја видов оваа неверојатна реклама. ..
Рекламата беше од Мерцедес - Бенз....но актери во рекламта беа...кокошки?!
На рекламата е  маѓична контрола на телото, а пораката е секогаш стабилнност.
Отрчав во собата и ја најдов рекламата на  youtube ....и ја гледав одново и одново....


Има ли причина зошто треба да обрнете внимание на кокошките?- Апсолутно!

Ова видео е извонредна и компактна илустарција на тоа колку е важна правилната контрола на главата за останатите моторни и локомоторни функиции.

Всушност, оваа реченица би ја кажал поопширно- контролата на главата не е важна само за одење. Контролата на главата е единствениот најважен фактор, апсолутно неопходна фаза и предуслов на било  кое конролирано движење кога човечкото тело е во контакт со подот.

Ова е вистина не само за одењето, како врв на моторниот развој, туку и за секоја друга моторна функција помеѓу- седење, контра - баланс, контрола на трупот, стоење и така натаму...

Она што го гледаме на видеото е живописна илустрација  дека  дури кај птиците (единтевен вид кој како и човекот одат на 2 нозе )- да не ги спомнувам луѓето- главата е епицентарот, околу кој се одвиваат сите останати движења.

Долниот дел од телото на кокошките , независно од главата, се движи во сите насоки!
Ве молам обрнете внимание на повеќекратниот контра баланс на долниот дел од телото на

Всадете ја оваа слика во вашата глава! Вашето дете треба да иста таква контрола на главта, да ја држи главата и покрај сите влијанија и пертурбации кои доаѓаат од долу. Тоа е клучно за справување со подлогата под нашиoт задник и  стапала!

Што е неопходно за главата на детето да биде стабилна?- Потребно е долниот дел од телото да има слободни брановидни движења како и независно движење/сегментација на вратот. 
Што проверуваме за време на АБР проценките ? - Токму тоа. Кога на детето му недостигаат сегментирани движења, тогаш не е возможно да се има селективен контра баланс.
Заради тоа, сите ваши најдобри намери да вежбате физчки активности со детето, да го ставате во проодувалка, во локомат, или едноставните обиди да направи  чекор кога го држите- за жал се повеќе и повеќе стануваат суров  акт на присилување , исклучително напорно , неприродно и деструктивно влијание и на така истоштеното дете со церебрална парализа.

Што славиме за време на проценките? - Развојот на селективната и сегментирана подвижност и контра балансот, како на вратот така и на долниот дел од телото.

Ако на кокошката и треба супер добра контола на главата за да оди на две нозе - тогаш повеќе од сигурно е дека и  човекот  има потреба супер добра контола за главата за да оди!