Friday, February 3, 2012

За фасциите 2

 ,,  ….нервите може да ги пренесуваат сигналите на незначителни 20 метри во секунда. Затоа, невозможно е нервите да стимулираат
билиони клетки во нашето тело, од кои секоја има преку 100.000 реакции во секунда



Господинот Јохн Ф.Барнас е интернационален предавач, автор и признат експерт во областа на Миофасцијалното Ослободување. Во овој текст накратко ќе пренесеме некои негови согледувања користејќи делови од една негова статија.
Низ неговата практика тој успеал да покаже дека  резултатите од ослободувањето на миофасцијата се така постојани и импресивни, дури и во оние случаи каде се друго не успева односно не дава резултати. Овие резултати ги кршат законите на науката. Затоа критичарите велат дека  тоа е невозможно. Но, резултатите се тука и практично ги кршат законите на науката.  
Како може науката да греши?

 Многу грешки се акумулираа со текот на времето и постепено прераснаа во т.н докажани факти во реалноста.
Има интересни мисли ( Артхур Коестлер) дека науката се темели на големи суеверија и дека нејзините столбови се пукнати и шупливи. ,,Објективноста,, како основна премиса на која лежи науката е кршлива и изградена врз жив песок. Секој со почетно ниво на познавање на квантната физика знае дека такво нешто како ,,објективноста,, не постои. Многу научници одбиваат да ја испитаат најголемата парадигма на која се темелат останатите научни парадигми.
 Кога основното тврдење е погрешно, сите други теории кои произлегуваат од истото ќе бидат погрешни, иако се навидум логични.
Или во матемaтиката тоа е закон на логиката, се вика закон за импликација, ако претпостаката е погрешна тогаш секој заклучок кој произлегува од таа претпоставка ќе биде погрешен, без разлика што во процесот на докажување се користеле точни тврдења.
Науката има воодушевувачки откритија и достигнувања на полето на објектите, архитектурата, мостови, ракети, авиони, електрика, компјутери итн. Меѓутоа ние како човечки суштества не сме предмети. Добрата вест е што постои голем број на светски признати научници кои открија нов начин на гледање на човечкиот комплекс- ум/тело . Нивните гледишта го подржуваат приодот на Миофасциалното Ослободување кое Г-динот Барнес го има изучувано неколку декади.

   Човечкото суштество е една убава, свесна, жива- треперлива, течна кристална матрица(калап). Основниот постулат на Миофасцијалнато Ослободување како пристап  е ,, изоставената алка,, да се додаде на сите други форми на терапија, со што ќе се засили, унапреди се она што го правиме и што сме. Таа алка е фасцијалниот систем. Сите други традиционални и алтернативни техники се базираат на ,,доктрината за невроните,,  која тврди дека сите перцепции и функции доаѓаат од мозокот и нервниот систем. Меѓутоа ,,доктрината за невроните,, е за жал ограничена и некомплетна се додека не ја опфати многу поголемата фасцијална теорија.

   Учењето за невроните и невролошката доктрина кажуваат дека мозокот и нервниот систем се тие кои управуваат со нашето тело. Меѓутоа не земаат во предвид  дека мозокот и нервниот систем се вградени во една многу поголема и поважна оптичка мрежа од кристални влакна , односно во фасцијалниот систем. Фасцијалниот систем ги пренесува текот на информациите, светлината и звукот  кои се неопходни за здрав живот и за движење. Мозокот и секој нерв од нашето тело лежи во фасцијалниот систем и е под целосно влијание на течно/желатинската супстанца која е во основата на фасцијалниот систем. Добро познат е фактот дека нервите може да ги пренесуваат сигналите на незначителни 20 метри во секунда. Затоа, невозможно е нервите да стимулираат билиони клетки во нашето тело, од кои секоја има преку 100.000 реакции во секунда.
 
Импресивни снимки од жива фасциа од хирург Др. Jean Claude Guimberteau 

   Фасцијалниот систем функционира како мрежа која ја преплавува секоја клетка со информации, енергија, светлина, звук, кислород, биохемиски елементи, хормони и ги чисти токсините. Мозокот и нервите се важна, но многу побавна форма на комуникација. Механизмот на нервните импулси е премногу спор за да е одговорен за огромната количина на информации  неопходни за да функционира нашето тело/мозок. Според тоа фасцијата е најглавниот и најважниот комуникациски систем на нашето тело. Таа функционира како мрежа поврзувајќи го секој аспект од нашето тело/мозок со енормна брзина.

Ова е еден фасцинантен и важен начин на кој може да се согледаме и разбереме себеси.

Превод :Снеже.

No comments:

Post a Comment