Thursday, February 2, 2012

АБР техники



3Q ( во превод би дошло 3К)  основниот АБР принцип - техничка база на АБР 
 1 Квази статично
2 Квази сверично
3 Квази изотропично

Квазистатично значи, екстра бавно движење.Толку  бавно што дури не се гледа како раката се движи.Движењето трае 1 минута.

Квази сверично значи континуирано одржување контакт со одреден доволно голем дел од површина каде што се работи.

 Квази изотропично значи дека нема промена на формата. Формата не ја менува ниту сетот за работа, не се плеска, ниту пак на површината на која се работи. Секоја деформација, го намалува ефектот, и дижењето не навлегува во подолните слаби делови во телото.


1.Класична техника
Долу на сликата е техниката со крпите ,класичната техника. Класичната техника се фокусира на зајакнување на телото длабоко внатре, кинетичката енергија која се создава со движењето на раката се пренесува многу длабоко во телото, на ниво на висцералните фасции. Со оваа техника, се зголемува подобрува начинот на функционирање на внтарешните органи, гради, стомак, дијафрагма итн.. истите почнуваат да добиваат поголем волумен , а со тоа се менува и целокупниот метаболизам на телото. 


2. Техника со топка
Топката се користи за поцврсти , и цевчести делови од телото, како што се градниот кош, рбетот.... Движењето на топка овозможува пренос на кинетичката енергија меѓу слоевите на телото, и со тоа зајакнување на тие врски. Кога врската е посилна, циркулацијата и комуницајата меѓу слоевите е поголема , а со тоа и функционирањето на целото тело се издига на повисоко ниво. 
Вежба на глава- очекуваниот ефект е ширење на черепот , на фронталната и париеталните коски . Заради неразвиенит череп кожата многу често лесно лизга преку черепните коски. Промената на черепот автоматски резултира со промени во рбетниот столб


3. Техника со јајце. Со јајцето се работи на омекнување на ригидноста на скелетот, одвојување на слепените недоравиени мускули, зголемување на циркулацијата внатре во мускулот и на површинските слоеви од коската,и на кожата и подкожното ткиво,  со што буквано се будат заспаните ткива во телото, зајакнување и дооформување на зглобовите, лимфна дренажа..




4. Техника со тешка топка.
Најнова техника , која постои години и пол, и која се покажа за исклучително ефикасна . 
Долги години АБР работеше на зајакнување на внатрешните  меките ткива, но квалитетот на коската и метаболизмот на коската беше многу тешко да се промени. Со оваа техника тоа се постигна. Движењата навлегуваат во длабочината на коската , менувајќи го нејзниот квалитет. Промените се фантсатични. Коските кои кај децат со ЦП се твдри и суви, почниваат да добиваат нормална тврдост и да се развиваат, да се одвојуваат. На телото се забележува формирање на масно ткиво, кое полека се трансформира во мускулно ткиво. Рбетот се менува со поголема брзина. 




Со помош на наведените техники со АБР се постигнува
- зајакнување и до развивање на внатрешните органи кои се неопходни за живот
- зајакнување, развивање  и поголема функционалност и на ткивата кои се наоѓаат најдлабоко во телото
-менување на формата, врската и квалитетот на коската и целиот скелетен систем
- формирање на масното ткиво и мускулниот слој
- зајканување и подмачкување на зглобовите
-ослободување и дооформување на рбетот...
- подобрување на циркулацијата на телесните течности
- зголемена абсорбција на ткивото
......
Сите овие промени доведуваат до поголема функционалност на детето и поквалитетен живот. Се избегнуваат последиците кои неминовно следат со годините( контрактури, луксација, дислокација, сколиоза, остеопороза, ревматски артритис, мозочен удар,покачен крвен притисок, намалувае на функционалноста на органите и губење на моторичките способности многу рано)






No comments:

Post a Comment