Родителите на деца со церебрална парализа, исправени се пред еден голем предизвик. Очекуваат дека, ако едно движење се повтори , доволен број пати, мозокот ќе го научи, и потоа детето ќе биде во состојба правилно да го изведе тоа движење. Кога се во прашање полесни форми, децата добиваат ограничени функции воглавно базирани на компензации, но кога се во прашање потешки форми , и покрај бесконечните повторувања, движењето едноставно не се добива.
Зошто мозокот не може да научи и да го изведе движењето?
Од невролошка гледна точка , нервниот систем ги усогласува телесните активности , управува со нив , ги контролира и регулира мускулните контакции, секрецијата на ендокрини и егзокрини жлезди. За да може нервниот систем да ја изведува својата работа, прима инфомации од телото , од рецепторите (приемниците) кои се специјализирани за реагирање на разни типови дразби. Особено важни за движењата се проприорецеторите кои се лоцирани , вглездени, во: меснатиот дел на скелетните мускули и тетивите, зглобовите, вклучувајќи ги зглобните чаури и лигаментите, во лавиринтните во внатрешното уво(вестибуларните ) и вратните зглобови ( вратните проприорецептори).
Проприорецепорите во зависност од тоа каде е наоѓаат, реагираат на промената на должината на мускулот, напрегањето на мускулната тетива, промена на механичкиот притисок во зглобвите, промената на положбата на телото во просторот ( кога треба да се реагира соодветно за да се одржи рамнотежата) и сл. и испраќаат соодветни информации до мозокот, кој па соодветно реагира.
Кога се работи за здраво , цврсто и добро развиено тело, врските кожа-поткожно ткиво- сврзно ткиво- мускул- коска се силни и добро развиени,тонусот на секој слој е добар, и затоа рецепторите се цврсто внездени на својата локација, и прво можат да ги регистрираат промените , а потоа тие информации непречено да ги испратат до мозокот , кој правилно ги регистира . Секое делче од нашето тело е правилно и целосно запишано во мозокот, па и реакцијата која следува е координирана и правилна.
Кај децата со церебрална парализа , тоа што го забележуваме е следното:
-тенка кожа со лош квалитет,
-слаб тонус на на кожа и поткожни ткива
-скоро непостоечко поткожно масно ткиво
-изразено слаби врска меѓу кожата- поткожните ткива-мускул-коска
Како што и можите да видите на сликата.
Тоа значи дека и рецепторите кои се сместени во оваа регија, кои би требало да се цврсто и стабилно вгнездени, заради лошите врски , слабиот квалитет на ткивото и лошиот тонус,ниту имаат стабилност, ниту можат да регистираат притисок, следствено не можат да го информираат мозокот за промените. Затоа оваа регија останува слабо запишана во мозокот, а со тоа изостануваат соодвените, очекувани реакции.
Оваа анализа ни дава одговор на прашањето зошто и после милион пати повторено движење , мозокот не успева да го научи движењето- едноставно е, рецепторот не може во целост да ги регистрира промените и затоа изостанува и соодветната очекувана реакција од мозокот.
За да може мозокот да ја добие потребаната информација, неопходно е рецепторите да ги регистрираат локалните промени, а тоа е возможно само ако се промени тонусот на слоевите и врските меѓу слоевите , започнувајќи од кожата, па надолу се до коската.
Дали е тоа возможне- се разбира дека е!
Со помош на АБР ,
-се менува квалитетот на ткивата,
- врските кожа-поткожни ткива- масно ткиво- мускул-коски се зајакнуваат ,
и со тоа и самите рецептори добиваат можност да ги регистрираат промените кои настануваат во одредена регија, и да сигнализираат до мозокот, со што и самата регија станува поприсутна и попрепознатлива за мозокот.
А подобрите врски во телото , секогаш придонесуваат за подобра функицја .
No comments:
Post a Comment