Friday, August 2, 2019

Спазам од АБР гледна точка


Еден од најголемите проблеми кај церебралната парализа, поврзан со мускулите  е спазамот или спастицитетот. 

Класичниот начин на справување со спазамот е борба со спастичниот мускул, инхибирање на спазамот на најразлични начини ( истегнување, инекции со ботокс,вградување баклофенски пумпи,медикаметозна терапија со мускулна релаксанти, операции и сл. ) Меѓутоа, искуството покажува дека овие процедури или треба да се изведуваат на дневна база или да се повторат на неколку месеци , затоа што спазамот се враќа , а како што детето  расте,  станува се поизразен.

Зошто  е тоа така?
Во следното видео, на линкот подолу, Леонид Блум објаснува како АБР гледа на спастичниот мускул.( има превод, притиснете CC)



АБР успешно се справува со спастичните мускули, без операции, без болка, без медикаметозна терапија.

 Како е тоа можно? 
За да се реши проблемот, прво треба да се разбере. Да се разбере зошто се јавува спастицитет кај децата со церебрална парализа , важно е да се погледне поголемата слика. 
Важно е да е знае дека скелетните  мускули никогаш не се активираат изолирано. За да се изведе движење, секогаш има мускул лидер( главен протагонист, кој го започнува движењето) и  мускул - следбеник  на спротивната страна од зглобот, кој го следи движењето, ја регулира брзината и на крајот на амплитудата врши запирање на движењето, како не би дошло до оштетување на зглобот.... 

Кај примерот со спастичната рака , проблемот е во слабоста на следбеникот од спротивната страна, и спастичниот мускул се наоѓа во ситуација и да го води и да го следи движењето. 


Блум: "Следбеникот на другата на страна е во исклучително лоша состојба
Постои драматична слабост  на другата страна
Било да  го гледаме мускулот или лигаментите или врските меѓу кожата , масното ткиво и поткожните ткива.
Во тој смисол поголемата слика  ни покажува проблем со следбеникот
Се поставува едноставно прашање
Каква информација има  мозокот за ова движење?
Главниот извор на информација кој мозокот го добива за движењето е  врската меѓу промената на должината и притисокот преку соодветните рецептори .
Но кога , постои изразена слабост, во тонусот и врските меѓу слоевите (кожа, масно ткиво, сврзно ткиво, мускул, коска) тогаш и екстензорите кои треба да го следат движењето на флексорите едноставно не се доволно регистирани во мозокот .
Кога вака ќе погледнеме на работите,разбирањето за тоа што се случува на другата страна
скратената и спастичната,се менува комплетно
Бидејќи сега, наместо “ лош  “ спастичниот мускул станува супер херој кој и го изведува движењето и го штити- блокира како одбрамбена реакција, односно, ја работи и својата работа и работата на останатите мукули кои треба да учествуваат во движењето, но не учествуваат, затоа што не се доволно регистрирани во мозокот. "

Со АБР ја зајакнување на слабата страна, со што таа станува попрепознатлива за мозокот,пожива и поактивна, а тоа пак му овозможува на спастичната страна да се опушти, а како структура да се пополни.
Морам да кажам дека во последно време , доста внимание се обрнува на зглобовите, преку бандажирање со соодветен материјал, кој овозможува непрекината стимулација и по неколку часа(се дури се носат завоите со материјалот кој е во нив). 
Повеќе информации на  www.abrtherapy.com/mk 
FB: Terapija ABR 


No comments:

Post a Comment