Thursday, February 2, 2012

За фасциите 1

Следниот текст е од еден голем ум Andrew Taylor Still, Доктор по медицина и Доктор остеопат.(1828-1917). Тој бил доктор, хирург, автор, инвентор и се смета за татко на остеопатијата и остеопатската медицина. .За време на операциите забележал дека заболените органи се прилично собрани, блокирани и барал неоперативни средства за ублажување на затегнатоста.. Така развил начин за обновување на слободата во затегнатите ткива користејќи ги неговите раце.
Еве што кажал тој за фасцијата.
Незнам ниту еден дел од човечкото тело кој што е дораснат на фасцијата…..
Замислете мембранозна кошулка која блеска со мазна подмачувачка течност.

Фасциа под микроскоп
Непрекината прекривка која се простира од главата до прстите, од напред наназад, опкружувајќи го секој орган, секој крвен сад, секој нерв, секоја коска, секој мускул.

Прекривка која ја менува густината-дебелината поминувајќи од еден во друг дел на нашето тело.
Неколку типови фасциа



Нејзина намена; да поддржува и подмачкува.

Анатомичарите концептуално ја кинат(прекинуваат)  оваа обвивка во мали парчиња, игнорирајќи ја нејзината непрекинатост и давајќи и на истата структура различни имиња следејќи го нејзиното поминување од  еден во друг дел од нашето тело.На тој начин успеваат само да не збунат и збркаат.Бидејќи како што е фасцијалната прекривка непрекината, така во нашето здраво тело постои единство на функциите. 
Фасцијата е составена од колаген и еластин.
Колагенот е организиран во ситни микро-цевчиња кои ги транспортираат телесните течности. 
Крвните садови и нервите патуваат низ фасцијата за да пристигнат до нивните одредишта и органи. Фасцијата прима огромен број на нервни завршетоци. Фасцијата е основната структура во која се среќаваат циркулациониот и нервниот систем.
Фасцијалната непрекинатост, нејзината поврзаност со нервниот и васкуларниот систем јасно ни покажува како сите делови од нашето тело работат заедно, како единство од функции.
Сликовит приказ:Фасциата го покрива целото тело од глава до пети, како еден непрекинат чаршав.


На пример, ако некој не повлече за рака, тоа ќе го почувствуваме во  нашите раменици и врат. Во состојба на здравје, течностите протекуваат релативно лесно од еден фасцијален оддел до следниот. Во случај на повреда, фасцијата може да се извитка и згмечи, последователно на тоа размената на течностите да се наруши и да се појави изменета физиологија.Кога фасцијата е згмечена и извиткана, затегнатоста се пренесува низ фасцијалната кошулка. Кога една индивидуа доживува болка во колкот, рестрикции на ткивото може се случиле  на друга локација. На пример нешто се случило во зглобот и постанал ограничен во движењата донекаде…. Доволно за да влијае врз колкот.
Оваа поврзувачка супстанца мора да биде слободна во сите делови за да ги прима и испушта сите течности, да ги користи истите во поддржување на телесниот живот, и да ги исфрла сите нечистотии. На тој начин  здравјето не би можело да биде нарушено од мртвите и отровни течности.

Преку  нејзиното дејствување ние живееме, со нејзиното нефункционирање ние умираме.
Кога нашата фасција е слободна, ние сме слободни.
Олицетворението на човекот со сите струи на чиста, жива вода, се чини дека се наоѓа во неговата фасција.
Јас би додала само дека верувам во следното: Со секое АБР движење  го подобруваме животот и движењето на течностите низ фасциите на нашите деца и на тој начин отвараме нови простори за збогатување на животот на нашите најмили.
Текстот го преведе Снежe.

1 comment:

  1. skoja kletka 100000 REAKCII VO SEKUNDA, IMPRESIVNO, zatoa odbegnuvaj da se zezas so teloto

    ReplyDelete